Нова мака за Гранит Џака, нема да игра против европскиот првак

Гранит Џака нема да игра за Швајцарија против европскиот првак Италија на петти септември во Базел, поради позитивен тест на Ковид-19.

Денеска непосредно пред пријателскиот дуел меѓу Швајцарците и Грција, кој е во тек Џака бил тестиран на корона-вирус и тестот му е позитивен, па капитенот веднаш бил изолиран.

Тоа значи дека нема да игра за Швајцарија и против Северна Ирска во Белфаст на 9. септември во меч од петтото коло во квалификациите за настап на Мјундијалот во Катар, што ќе се игра идната година.

Џака е на мета на навивачите на Арсенал, откако беше исклучен на дуелот со шампионот на Англија, Манчестер сити, што Топчиите го загубија со 5:0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести