Бруно Фернандеш постапи џентлментски и го заштити човекот што дотрча до него од трибините на терен во финишот на мечот меѓу Азербејџан и Португалија.
Неочекуваниот гостин дотрча до ѕвездата на Португалците и на Манчестер јунајтед и сакаша да го види одблизу својот миленик, а кога обезбедувањето се обиде да го изнесе надвор од терен, заштитнички реагираше Фернандеш.
Интересно е што еден од играчите на Азербејџан кој беше домаќин на мечот го сопна гостинот што дотрча од трибините на терен, па целата ситуација беше по малку и смешна.
https://twitter.com/LukeShawArmy/status/1435299286040862725?s=20
Португалија победи убедливо со 3:0 и остана на врвот на табелата во А групата со 13 бода, пред Србија со 10, но и меч помалку.