Шпанците ја слават победата на Грција, Кејн со голчиште го засени Левандовски (Видео)

Шпанија со победата од 2-0 на гостувањето кај Косово се врати во игра за првото место во својата квалификациска група, а Црвената фурија им за тоа им се заблагодарува и на Грците. Грција ја совлада Шведска со 2-1, па сега Шпанците имаат четири бода плус во однос на Шведска и два меча повеќе, но и дуел против Швеѓаните на свој терен.

Првиот гол за Шпанија го даде Форналс, кој на три меча за репрезентацијата игра како член на три различни клубови. Погоди и Феран Торес, кој има 10 гола на 20 меча, ист скор како рекордерот Давид Вилја.

Најинтересно беше на дуелот Полска – Англија. Кејн даде прекрасен гол, Англија го запре Левандовски, кој првпат сезонава не даде гол, но во судиското продолжение домашните сепак изедначија. Сега Данска е единствена селекција во Европа со максимални 18 бода по шест кола.

Ова е голот на Кејн:

- Оглас -

Најнови вести