Колкаво е влијанието на Кристијано Роналдо со неговото враќање во редовите на Манчестер јунајтед по 12 години пауза, покажува промената на Швајцарија околу ковид-протоколот во пресрет на дуелот меѓу Јанг бојс и англискиот гигант во рамките од првото коло во Лигата на шампионите.
Црвените ѓаволи во вторник навечер ќе се појават на стадионот „Ванкдорф“ во Берн, каде што сепак ќе имаат поддршка од своите навивачи по притисокот да се обезбедат билети за нив и покрај рестрикциите во Швајцарија.
Јунајтед доби 1.800 влезници за своите навивачи, кои ќе се продаваат само за вакцинирани лица, кои пак при влез на стадионот ќе треба да се тестираат за ковид-19 и притоа да добијат негативни резултати. ПЦР-тестовите ќе ги чинат по 50 фунти.