Пред нас е викенд на многу „премиери“ и супер дебија

Враќањето на клупскиот фудбал низ Европа ќе биде посебно интересно викендов, затоа што многу ѕвезди го очекуваат својот прв натпревар во дресот на клубот за којшто потпишаа во финишот на преодниот рок.

Кристијано Роналдо утре може да добие шанса да заигра за Манчестер јунајтед против Њукасл. Тој по 12 години, се врати кај Црвените ѓаволи и со нетрпение ќе чека да се појави на „Олд Трафорд“.

Антоан Гриезман се врати во Атлетико Мадрид, додуша како позајмен од Барселона. Францускиот напаѓач кој во минатото пет сезони играше за Јорганџиите, в недела може да се појави на дуелот со Еспањол.

Во шпанската лига ќе има уште неколку интересни потенцијални дебија.

Младиот Едуардо Камавинга, кого го споредуваат со Кларенс Сидорф, треба да се наметне за да игра во средниот ред на Реал Мадрид, и тоа на првиот меч на Кралскиот клуб на „Сантијаго Бернабеу“ по голема пауза.

Аргентинецот Пасторе треба да биде големо засилување за Елче, Белерин може да дебитира за Бетис, а Радамел Фалкао во дресот на Рајо Валјекано.

Европскиот првак Челзи го собра Саул Њигес од Атлетико и ја зголеми силната конкуренција во средината каде што ги имаат Канте, Жоржињо и Ковачиќ. Шпанецот тренира со Сините и можно е да добие одредена минутажа против Астон вила. Сарабија првпат ќе заигра за Спортинг Лисабон, Мориба за Лајпциг, Забицер за Баерн, Мустафи за Леванте…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести