За сè има првпат – Вардар сефте како второлигаш ќе игра во Скопје, Воска ќе се обиде да го изненади

Вардар за првпат како второлигаш во независна Македонија ќе игра на свој терен, во Скопје, во недела од 16 часот, против Воска спорт од Охрид, а и за гостите ова ќе биде прво гостување во главниот град како второлигаши.

Мечот ќе се игра задутре на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и е дерби во Втората лига Запад. Вардар има играно во Втора лига, но во рамките на поранешната држава Југославија.

Во првите две кола во новата сезона во Втората лига Запад, најтрофејниот македонски клуб двапати гостуваше и освои само еден бод, во премиерниот меч во Дебар против Кораб со реми без голови.

Потоа загуби од Силекс во Кратово, па сега ќе се обиде со трета среќа и да победи против Воска. Гостите се нов клуб, формиран пред две години и за првпат играат во Втора лига.

Задутре за првпат ќе гостуваат во Скопје, и тоа како лидери на табелата со шест бода од два меча. Натпреварот ќе почне со минута молчење, како и останатите дуели од Прва и Втора лига во чест на настраданите во пожарот во модуларната болница во Тетово.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести