Словакот Роман Гергел го имаше најнефудбалскиот потег во полското првенство во досегашните натпревари викендов и обидот да погоди од далечина на мечот меѓу Варта и Термалица зарши неславно.
Топката по неговиот удар заврши во аут и далеку од голот на домаќините.
Каков удар, таков и меч одиграа Варта и Термалица, досаден и без голови, па и двете екипи останаа во долниот дел од табелата.
Варта има 7 бода од исто толку натпревари и е на 12. место, а Термалица со само три бода на шест меча е претпоследна во конкуренција на 18 клуба во Првата полска лига.