Харви Елиот вечерва беше пуштен од болницата во Лидс, каде што беше пренесен по тешката повреда со која се здоби во дуелите меѓу Лидс и Ливерпул.
Страотниот инцидент ја засени победата на Црвените откако Страјк со остар лизгачки старт лошо му ја зафати ногата на Елиот, по што дојде до отчешнување на зглобот. Медицинската екипи веднаш реагираше и успешно му ја наместија ногата на 18-годишниот тинејџер уште пред да го пренесат во болница, па по интервенцијата таму беше ослободен да се врати дома.
Она што му следува на Елиот е операција, а според информациите од Островот, таа веќе е закажана за вторник. Елиот потоа го чека подолга пауза, со претпоставка дека минимално три месеци ќе отсуствува од терените. Вистинска штета за талентот на Ливерпул кој од стартот на сезоната се наметна кај Клоп и добиваше солидна минутажа во првите четири лигашки натпревари.
We can confirm Harvey Elliott has been discharged from hospital after suffering a serious ankle injury in today's game at Leeds United.
— Liverpool FC (@LFC) September 12, 2021