Драма во Прилеп, Победа израмни во последен миг, ќе има пенали на дербито со Вардар (Фото)

Вистинска драма има на мечот меѓу Победа и Вардар, а домаќините со играч помалку израмнија на 1:1 со голот на Филип Стомнароски во последните моменти од мечот и пеналите ќе одлучуваат кој од двата македонски гиганти ќе оди понатаму.

Дејан Блажевски со еврогол од слободен удар во 54. минута му донесе предност на гостинот од Скопје, а Победа израмни во последниот напад.

Ветеранот на „црвено-црните“ и член на генерацијата што запиша историја со Вардар со првиот настап на македонски клуб во Европа Лигата постигна страшно атрактивен гол во 54. минута.

Мечот се играше во прекрасен амбиент што го приредија навивачите на двете екипи.  Скопјани имаа уште неколку зрели шанси за поубедлива победа, ја погаѓаа и рамката на голот на домаќините, па казната стаса во 95. минута.

Резултати: Победа – Вардар 1:1 (6:7 на пенали), Љуботен – Пелистер 0:9, Кораби – Беласица 1:2, Детонит јуниор – Македонија Ѓ.П. 0:3, Каменица Саса – Струга 0:2, Гостивар – Ренова 0:4, Слога Виница – Работнички 0:3, Воска – Бреглница 0:1, Локомотива – Охрид 0:2, Новаци – Тиквеш 0:1.

Уште три натпревари од првата рунда во Купот на Македонија ќе се играат на 22. септември.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести