Убава акција во Романија, фудбалерите на Динамо Букурешт на терен излегоа со кучиња бездомници (ФОТО)

Наместо со деца, фудбалерите на Динамо Букурешт на дербито со ФЦСБ (Стеауа) на терен излегоа со кучиња бездомници.

Ваквата иницијатива на романскиот клуб е да се посвојат повеќе улични кучиња, кои заслужуваат шанса за убав живот. Сите фудбалери прегрнаа по едно од нив, а на вратот на кучињата беа испишани нивните имиња.

За да се зголеми разбирањето и љубовта кон кучињата, Романската федерација наложи на сите натпревари до крајот на сезоната, фудбалерите да излегуваат со кучиња, а поради тоа строго забранети ќе бидат пиротехничките шоуа на фановите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести