Михајловиќ: Интер има слаби точки

Екипите на Интер и Болоња вечерва од 18:00 часот, ќе ги одмерат силите во рамките на четвртотто коло од италијанската Серија А лига. „Нероаѕурите“ по неуспесите против Сампдорија и Реал Мадрид ќе се обидат да се вратат на победничките патеки, сепак тренерот на гостите најавува дека нема тоа да биде баш така лесно.

„Мораме да им создадеме проблеми, имаат слаби точки како и сите преостанати. Разликата во квалитет меѓу Џеко и Лукаку е огромна, на вториот не смеете да му оставите простор, бидејќи ако го направите тоа, веднаш ќе бидете казнети“ изјави Михајловиќ.

Гостинскиот тим во оваа сезона има освоено седум од максимални девет бода и се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на освојување на бодови во Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести