Шкендија е огромен фаворит за победа на гостувањето кај Кит-Го Пехчево, во меч од 16-финалето на Купот на Македонија. Дуелот ќе се игра на градскиот стадион во Штип, а тетовци не би требало да имаат проблем со ривалот, кој е на петтото место во Втора лига Исток. Овие два тима веќе еднаш играа во Купот, и тоа пред три години, а Шкендија лесно победуваше со 2:0 дома и 5:0 на гости.
Второлигашки предизвик ќе има и Шкупи, кој ќе игра на теренот на Велешта. Чаирчани, кои се лидери во Прва лига, не би требало да имаат проблем против екипата која во Втора лига Запад има само една победа од четири средби.
Овие два меча ги има и во понудата во Sport Life, а интересно е дека одлични се коефициентите да се игра на голови, посебно да има 4+ погодоци на двата тима. Со оглед дека гостите се големи фаворити, реални се опциите да има голеада во овие Куп-пресметки.