Има „топ“ во ногата и постави нов рекорд во НФЛ-лигата (ВИДЕО)

Џастин Такер, играчот на Балтимор рејвенс, постави но рекорд постигнувајќи го најдолгиот „филд-гол“ во историјата на НФЛ-лигата.

Кикерот на Балтимор успеа да му донесе победа на својот тим против Детроит лајонс со удар од 66 јарди, односно малку повеќе од 60 метри.

Тој имаше и малку среќа во овој неверојатен обид бидејќи топката се одби од долната статива, која се наоѓа на висина од три метри, но поради поволното „ефе“, таа се сврте и влезе во голот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести