Вест хем е чист кец, домашните се фаворити во балканските дуели

6026 Фенербахче – Олимпијакос (18.45 часот)

Кога играат турски и грчки екипи, обично поинтересно е на трибините отколку на теренот. Покрај тоа, двата тима имаат проблем со важни повредени играчи кои нема да играат. Фенер и Пирејците меѓу себе досега не играле официјални мечеви, туку само пријателски. Двата тима се во добра форма во домашните првенства, каде што се на првите места. Во првото коло, Олимпијакос славеше над Антверпен, а Фенербахче одигра нерешено на тешкото гостување кај Ајнтрахт.

Предлог тип: 1Х & 2+ (1.83)

 

6027 Реал Сосиедад – Монако (18.45 часот)

Баскијците играат одлично во домашното првенство, а во Лигата на Европа во првото коло одиграа 2-2 на гости кај опасниот ПСВ. Кнезовите играат променливо, но влегуваат во победничка низа. На листата на повредени им е Фабрегас, кој нема да игра против сонародниците, но листата на отсутни кај Сосиедад е огромна, имаат десетина повредени, меѓу кои и најопасните Исак и Сорлот, но и важни домашни играчи, како Баренечеа, Давид Силва и Монреал.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.72)

 

6035 Селтик – Баер Леверкузен (21.00 часот)

Двата тима во првото коло одиграа ефикасни мечеви во кои и даваа и примаа гол, веруваме дека тоа може да се повтори. И Шкотите и Германците имаат доста повредени играчи. И едните и другите ретко играат нерешено, според статистиката, можеби 2-1 за Селтик и за Баер е најверојатниот резултат. Гостите се подобар тим, во подобра форма се, но Селтик кога игра дома, е многу опасен тим против кого не е лесно да се игра и потребна е претпазливост и во типувањето.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.96)

 

6029 Лудогорец – Црвена ѕвезда (21.00 часот)

Прваците на нашиот источен и северен сосед во првото коло имаа позитивни резултати, Ѕвезда ја победи Брага, а Лудогорец одигра 1-1 на гости кај Митјиланд. Србите ослабени гостуваат во Разград, имаат четири клучни играчи (Борјан, Катаи, Дегенек и Драговиќ) позитивни на ковид-19. Пред пет години, Лудогорец ја елиминира Ѕвезда во квалификациите за ЛШ, сега бугарскиот тим не е толку силен, но гостите се некомплетни и тоа е клучниот проблем.

Предлог тип: 1 (2.60)

 

6034 Вест хем – Рапид Виена (21.00 часот)

Тука нема дилеми дека англискиот тим е голем фаворит на хартија. По лесната победа во Загреб над Динамо од 2-0, Вест хем дома не би смеел да има проблем со Рапид, кој во првото коло дома загуби од Генк. Сите показатели се на страната на лондонскиот тим, Рапид треба да се потруди да претрпи што е можно потесен пораз. Шанса им е што можеби менаџерот на Вест хем ќе калкулира со составот.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.94)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести