Спортска прогноза: Деветтото мени нуди и хрватско мегадерби

Дуелот помеѓу најтрофејните и најпопуларни хрватски клубови Динамо Загреб и сплитски Хајдук не можеше да не се најде во паровите кои ќе треба да ги погодувате претстојниот викенд, во деветтото коло на Спортската прогноза.

Телефонот „самсунг галакси А6“ уште го чека својот прв добитник, а по неуспешното осмо коло, во кое немаше ниту девет погодоци од предложените 12 меча, овојпат би требало да биде многу подобро.

Динамо и Хајдук на „Максимир“ играат во недела, од 15 часот. „Модрите“се лидери на табелата, со девет бода предност пред второпласираната Риека, па ова им е прилика уште повеќе да се зацврстат на врвот, а Хајдук да го стават во уште понепријатна позиција.

„Билите“ се само шести, со 19 бода помалку од Динамо, а седум бода зад местата кои водат во Европа (квалификации за Лига на Европа).

Аријан Адеми и другарите се големи фаворити според сите параметри, но ова е дерби и мотивите може да бидат многу важни. Не треба да се заборави дека Динамо утре треба да игра со Андерлехт во Лигата на Европа.

И меѓусебните дуели на овие два тима најавуваат голема борба. Во минатата сезона Хајдук изненади во Загреб со 1-0, пред тоа беше 3-1 за Динамо, пред две години беше и нерешено. Сплиќани добија 1.000 билети за овој меч, па гостите ќе имаат мотив плус да не ја разочараат својата „Торцида“, но и бод би бил голем за Хајдук на ова тешко гостување.

Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

- Оглас -

Најнови вести