Караско и Лукаку се вистински ѓаволи, ја измамија француската одбрана (Видео)

Белгија води против Франција со 2-0 по првото полувреме во второто полуфинале од Лигата на нациите и се наоѓа блиску до финале против Шпанците, кои синоќа беа подобри од Италија. На дуелот во Торино, во 37-мата и 41-вата минута Јаник Караско, односно Ромелу Лукаку ја измамија француската одбрана и го принудија Уго Љорис, кој беше фатен на крива нога во првиот случај, а прими гол „низ уши“ во вториот,  двапати да ја вади топката од мрежа.

Килијан Мбапе, кој има 22 години и 291 ден, стана најмлад играч во историјата на Триколорите со 50 настапи.

https://twitter.com/i/status/1446196195903238146

- Оглас -

Најнови вести