Со двата гола на Тимо Вернер во рок од само четири минути, Германија поведе со 3:0 на госувањето во Скопје против Македонија. Со овие два погодоци на Вернер, јасно е дека Германија ќе победи, а на Македонија ѝ останува во последните две кола да ја бара шансата за влез во баражот.
Најпрво во 70-тата минута, по додавање на Милер, Вернер биеше неодбранливо.
Три минути подоцна, Вернер погоди и по вторпат, и тоа овојпат од подалеку.