Најдобриот аргентински фудбалер, Лионел Меси, вечерва на дуелот со Перу ќе се обиде да прекине еден свој личен негативен рекорд. Меси во кариерата против Перу играл седум пати, и дал само еден гол и тоа во 2007 година на Копа Америка, а во квалификации за Светско првенство, на шест дуели никогаш не ја затресол мрежата на Перуанците.
Затоа, на „Монументал“ во Буенос Аирес, Меси доцна вечерва има две цели: да даде гол, и да ја предводи Аргентина до победа и чекор поблиску до Мундијалот во Катар. Според најавениот состав, Меси и Анхел Ди Марија треба да бидат поддршка во нападот на Гаучосите за шпицот Лаутаро Мартинес.
Меси има по три победи и ремија во мечеви од квалификации за СП против Перу, не знае за пораз, но не знае ниту како да им даде гол, што е чудно за играч кој има 80 погодоци на 156 меча за националниот тим.