Јосип Станишиќ ќе ја памети 2021 година, во која стана член на хрватската репрезентација, а сега и го продолжи договорот со Баерн Минхен до 2025 година.
Младиот дефанзивец, кој има 21 година денеска стави потпис на нов договор за следните четири сезони. Досегашниот договор му беше важечки до 2023 година.
Станишиќ може да игра и камо стопер и како бек, а за Баерн сезонава играше во сите натпреварувања.
„Среќен сум што клуб што е гигант во свесткиот фудбал има верба во мене. Воопшто не размислував кога ми понудија да го продолжиме договорот. Ова е година што засекогаш ќе ја паметам, бидејќи играм и за Баерн и за хрватската репрезентација“, изјави Станишиќ.
Младиот играч е роден во Минхен, но по потекло е од Хрватска и веќе настапува за популарните „Коцкести“ во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар, што ќе се игра следната година.