Додека во Европа се разговара за промени на правилата на фудбалската игра со кои подобро ќе се регулираат офсајд ситуациите, од Јужна Америка дојде еден револуционерен предлог, полувремињата да траат 25, наместо 15 минути.
Челниците на КОНМЕБОЛ ова го предложиле на последниот состанок на Советот на ФИФА, а предлогот ќе се разгледува на важниот состанок на 27-ми октомври кога ќе се одлучува и за измените на фудбалските правила.
Со подолго полувреме, би се продолжило времетраењето на мечевите и тоа главно од комерцијални причини. Овој предлог можеби ќе се тестира на некои турнири, но има многу противници, и тешко е да се поверува дека ќе заживее. Во 2009 година, ФИФА предложи полувреме да трае 20 минути, но предлогот беше отфрлен.