Шансалан не им даде шанса да победат, се сомневаат дека е поткупен од Трабзонспор

Најтрофејниот фудбалски клуб во Турција, Фенербахче, го загуби дербито со Трабзонспор со 3:1 на гостински терен во бурен меч и сега се сомнева дека судијата Али Шансалан бил поткупен.

Најавија дека ќе покренат истрага за финансиските трансакции на Шансалан и се сомневаат дека мито е причината за, како што објавија, катастрофалното судење на турското дерби.

Мечот беше исклучително неизвесен и по голот на Диего Роси во третата минута, Фенер поведе со 0:1 во Трабзон. Потоа беше исклучен репрезентативецот на Јужна Кореа, Ким-Мин Јае во 23-тата минута, па Трабзонспор ја искористи предноста од фудбалер повеќе и со пресврт победи со 3:1.

Грчкиот репрезентативец Анастасио Бакасетас постигна два гола, во 25-тата и во 87-мата минута, а Јусуф Сари со погодок во 90-тата минута ја запечати победата на домаќините.

Со триумфот Трабзонспор го презеде врвот на табелата од Фенербахче и е лидер по 9 кола со 21 бод. Фенер има 19, пред актуелниот првак Бешикташ, Галатасарај и Карагумрук сите со по 17 бода.

Фенербахче има 28 шампионски титули, најмногу во Турција, пред големите градски ривали Галатасарај со 23 и Бешикташ со 21, а големата четворка ја комплетира токму Трабзонспор со шест пехари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести