Лацио и Ајнтрахт ќе погодат во двете полувремиња, Милан не губи во Пиреја

Лацио и Ајнтрахт Франкфурт веќе ги обезбедија своите места во нокаут-рундата од Лигата на Европа, но тоа не значи дека овој дуел не е примамлив за типување. Напротив, се очекува интересна пресметка на која Лацио, пред сè, ќе си ја брани честа на „Олимпико“, а воедно ќе сака да се реваншира за дебаклот кој го претрпе во Франкфурт со 4-1.

Понудата од денешните мечеви во Лигата на Европа е идеална прилика за посета на уплатните места на SPORT LIFE, а ние ви даваме пет предлози што да играте за денеска, со квотите на денот и мини-анализи на пет фудбалски меча кои предизвикуваат најголемо внимание.

 

Лацио – Анјтрахт Франкфурт (18:55 часот)

Натпревар за кој нема калкулации во пресрет на шестото коло во ЛЕ. Ајнтрахт како прв патник од групата Х сигурно ќе игра во нокаут-фазата, Лацио од втората позиција ќе го чека противникот. Сепак, „лацијалите“ имаат една цел, да се реваншираат за убедливиот пораз од 4-1 во првиот нивен двобој, но и германскиот состав ќе сака без пораз да го заврши есенскиот дел од ова европско натпреварување.

Голови ќе има сигурно, како и во претходната меѓусебна пресметка, се очекува мрежите да се тресат и во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.90 коеф.)

 

Aрсенал – Карабах (21 часот)

„Топчиите“ си ја завршија работата уште во претходното коло, па Унаи Емери ќе може да ги одмори ѕвездите за овој дуел, како што го правеше тоа и во изминатите неколку натпревари. Речиси е сигурно дека Карабах само со еден триумф ќе се прости од Лигата на Европа, освен ако вечерва не се случи некое чудо.

Иако на Арсенал му е доволен и бод за да го осигури првото место во групата Е, јасно е дека ќе играат за да победат и со 16 бода да го чекаат противникот во шеснаесетфиналната рунда.

Предлог тип: 1 2-4 (2 коеф.)

 

Олимпијакос – Милан (21 часот)

Директен дуел во борбата за пласман во следната рунда. Олимпијакос со сите сили ќе се обиде да му ги помати плановите на Гатузо и неговиот Милан. Во претходната меѓусебна пресметка, која се одигра на „Сан Сиро“, Кутроне и Игуаин ги спасуваа „росонерите“ од посрамотување, откако по првите 45 минути губеа со 1-0 од грчкиот гигант.

За Олимпијакос да се пласира, потребен му е триумф со разлика од три гола или да победи со еден од точните резултати 2-0, 3-1, а Милан ќе се бори за трите бода кои евентуално можат да го обезбедат првото место во групата Ф, се разбира, само ако Бетис не го совлада Дуделанж.

Предлог тип: X2 & ГГ (2.55 коеф.)

 

Вилјареал – Спартак Москва (18:55 часот)

Да се биде или не за Вилјареал и Спартак. Победа на „жолтата подморница“ значи и презимување во Европа, додека славење на рускиот состав, исто така, може да им обезбеди учество во следната рунда, се разбира, во зависност од исходот на мечот меѓу Рапид Виена и Глазгов ренџерс.

Во пресрет на последното коло, групата Г е најнеизвесна од сите, тука сѐ уште никој не осигурил пласман. Вилјареал и Рапид имаат по седум бода, Ренџерс шест, Спартак пет, па јасно е што значат последните средби за сите четири екипи.

Луис Гарсија само пред неколку дена го презеде кормилото на шпанскиот тим, па веќе во првиот меч може да тргне со победа и да ја спаси сезоната на Вилјареал.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.07 коеф.)

 

Селтик – Салцбург (21 часот)

Целта на шкотскиот првак е јасна, да им го нанесе првиот пораз на „биковите“ од Салцбург, кои веќе размислуваат за евентуалните противници во нокаут-фазата. Австрискиот шампион има 15 бода, убедливо е прв во групата Б, а на Селтик му е потребен и бод за второто место, но „келтите“ нема да остават ништо на случајот.

Вечерашниот дуел ќе им биде четврт меѓусебен на овие две екипи. На претходните три пресметки, без исклучот, постигнувале по четири гола, Салцбург брои две победи од 3-1, додека една средба заврши со конечни 2-2.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.20 коеф.)

 

- Оглас -

Најнови вести