Димитар Ѓоргиев освои златен медал на Светското првенство во кикбокс кое се одржува во италијанскиот град Језоло, по четврти пат стана светски првак во својата категорија, но покажа и голема гордост, и високо го крена пехарот додека во негова чест се интонираше македонската химна.
Четирикратниот светски првак ќе биде наш силен адут и на следните олимписки игри кога кикбоксот ќе дебитира како олимписки спорт, а тој покажа дека и без да се пее химната, може да се остави силен впечаток.
Погледнете го потегот на Димитар за време на химната:
Македонската химна во чест на светскиот шампион Никола Ѓорѓиев! 🇲🇰 pic.twitter.com/r6Tkz99rJQ
— Stefan (@StefanDaskalov) October 22, 2021