Македонија има загарантирано место во ракометната ЛШ и во следната сезона

Eвропската ракометна федерација, ЕХФ, го објави клупскиот ранкинг за сезоната 2022/23, според кој Македонија има пад од две места и сега е шеста, но и понатаму има загарантирано едно место во Лигата на шампионите за мажи.

Бодувањето се прави преку настапите на екипите во европските купови во изминатите три сезони. Во Европската лига, таму ќе имаме три места, едно директно, а две екипи ќе треба да играат квалификации.

На врвот на рангирањето нема промени, Германија остана прва, пред Шпанија и Франција, а пред Македонија избија Унгарија и Данска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести