Навивачи на Бока јуниорс убија фан на Ривер (Вознемирувачко фото)

Победата на Ривер плејт против Бока јуниорс во финалето од Либертадорес купот еден навивач ја платил со својот живот. Во провинцијата Мисионес, фан на Ривер плејт ја славел титулата на својот омилен тим кога пред него се појавиле двајца симпатизери на Бока и го убиле.

Несреќниот Арон Нерис, кој имал само 21 година, бил избоден со нож до смрт и оставен на улица. „Ме нападнаа само затоа што славам за победата на Ривер“, биле последните зборови на сега веќе починатото момче. Тој бил со дрес на Ривер, но шетал во кварт каде што најголем број од навивачите се поддржувачи на Бока.

Мајката на убиеното момче рече дека Арон отежнато одел, бидејќи имал три прсти на едната нога, па напаѓачите го нападнале како „животно“ кое не може да се брани.

 

- Оглас -

Најнови вести