Фантастичен е Вардар – Хајлендерот Томовски е на голот, маестралниот Дибиров е блиску до илјадарката (Видео)

Вардар и Кил бијат рововска битка во Скопје вечерва во меч од Лигата на шампионите и по првото полувреме резултатот е 13:10 за двојниот европски првак од Македонија.

Мартин Томовски неколкупати со прекрасни одбрани ја доведе до кулминација атмосферата во „Јане Сандански“, а голманот на Вардар со чудесни интервенции и буквално ги излудуваше ракометарите на најтрофејниот германски тим.

Имаше вкупно 11 одбрани по првото полувреме, а се истакна и Тимур Дибиров. Крилото на Вардар постигна 7 гола и се приближува до илјадарката. Досега ракометарот на Вардар има вкупно 994 гола во Лигата на шампионите, a вечерва има 7 гола од 9 удари.

https://twitter.com/ehfcl/status/1453438342050168837?s=20

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести