ФИФА доби уште една „корпа“: И Јужна Америка одби Светско првенство на две години

Мали се шансите да гледаме Светско првенство на две години откако и Конменбол го одби предлогот на ФИФА.

Фудбалските селекции од Јужна Америка се изјаснија дека не сакаат да има СП на две години, со што им се приклучија на УЕФА и Интернационалниот олимписки комитет.

Сепак, и покрај тоа што најголемите светски фудбалски и спортски федерации, исклучувајќи ја ФИФА, речиси се едногласни за ваквата одлука, но, се чини дека ниту тоа нема да ја премисли Светската куќа на фудбалот да ја промени одлуката.

Напротив, планот за најголемиот фудбалски настан да го гледаме на секои две години би требало да започне од 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести