МЗТ победнички си заминува од Сараево

МЗТ Скопје Аеродром стигна до осмата победа во 11-тиот меч од АБА 2 лигата откако на гостувањето во Сараево со 75:71 го победи тимот на Спарс. Ова беше дерби-дуел на две екипи кои се борат за врвот на табелата, а со освоените два бода, Аеродромци стигнаа до 19 бодови, додека Спарс сега има 18 бодови.

Нашиот претставник на ова гостување замина без тројца репрезентативци. Дарко Соколов, Љубомир Младеновски и Марко Симоновски се повредени, но и без нивна помош, МЗТ го доби дербито. Уште од првата минута МЗТ покажа дека е дојден во Сараево да победи.

Од самиот старт поведе и во текот на сите 40 минути не му дозволи на противникот ниту еднаш да го преземе водството. Најголемата предност МЗТ ја имаше на почетокот на последната четвртина, кога со серија од 11:2 стигна до 63:54. Сепак, дека не може без драматичен финиш на дуелите на МЗТ се покажа и на овој дуел.

Спарс стигна до 71:72, но кошаркарите на тренерот Кочов беа присебни во завршницата и стигнаа до триумф. Американецот Џејмс Вудард беше најдобар стрелец со 24 поени, а Иве Иванов додаде 19 поени.

Следниот меч МЗТ Скопје Аеродром го игра во вторник, и тоа на гости кај Хелиос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести