Шкупи ја потопи несреќната Брегалница

Шкупи со својата најефикасна игра во последните неколку години, ја декласираше Брегалница со 5-0 во меч кој требаше да биде дерби на 12-тото коло од првата македонска фудбалска лига, бидејќи чаирчани се први, а штипјани четврти на табелата. Сега разликата помеѓу овие тимови е 10 бода.

Два гола за тимот на тренерот Седлоски даде Цветаноски, а по еднаш погодија странците Руатубјаје, Адетунџи и Алварес кој со убав гол ја затвори голеадата. Можеше да има и повеќе погодоци, но голманите беа одлични, особено домашниот Наумовски кој имаше неколку феноменални одбрани, а фати и пенал.

За Брегалница, ова е најтежок пораз по враќањето во првата лига. Штипјани имаа шанси, но тие 16 години не победиле на „Чаир“ и црната серија им продолжи на непријатен начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести