Мрме го чека една од најжешките клупи на светот, Хајдук за 16 години смени дури 41 тренер

Доколку Игор Ангеловски стане тренер на сплитскиот Хајдук, тој ќе биде 45-тиот тренер на клубот во последните 20 години. Хајдук, кој последната титула првак на Хрватска ја освои во 2005 година, оттогаш досега смени неверојатни 24 тренери, некои од нив и по два-три пати.

Хајдук премногу често ги менува тренерите, дури и во шампионската сезона 2004/2005 тројца различни стручњаци (Каталиниќ, Слишковиќ и Штимац) го водеа тимот. Кој и да го преземе тимот во којшто игра и македонскиот интернационалец Јани Атанасов, ќе има неблагодарна задача и голем предизвик да остане што е можно подолго. Ангеловски е еден од тројцата главни кандидати за тренер на Хајдук и може да биде третиот странец кој ќе го води Хајдук сезонава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести