Влаховиќ постигна договор со великан и ќе добие 40 милиони евра

Душан Влаховиќ изминативе две сезони се промовираше како најдобар играч на Фиорентина, но ќе го напушти овој тим откако не успеаја да се усогласат условите за нов договор.

Според последните информации од Италија, Јувентус ќе го ангажира српскиот голгетер, и тоа без да плати обесштетување кон Фиорентина.

Едноставно, ќе сочека да истече договорот на Влаховиќ со овој тим, па во своите редови ќе го „прибере“ за нула евра.

Личните услови се веќе договорени, а за пет години, колку што е договорот, Влаховиќ ќе инкасира 40 милиони евра. Со тоа ќе ги следи стапките на Федерико Кјеза и Бернардески, коишто дојдоа во редовите на Старата дама токму од овој тим.

Единствена разлика е што за овие двајца фудбалери, Јуве ѝ плати над 70 милиони евра на Фиорентина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести