МЗТ Скопје Аеродром како апсолутен владетел го пречекува вечниот ривал Работнички

Вечното кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје Аердором и Работнички денеска во „Јане Сандански“ ќе има нова епизода. Ова е дуел од шестото коло во домашното првенство, а двата тима досега имаат по четири победи и еден пораз.

Двата најтрофејни клуба еднаш веќе играа сезонава, и тоа на отворањето, во Супер купот. На неутрален терен во СРЦ „Кале“, во драматична завршница, МЗТ Скопје Аеродром славеше мнимално со 79:78 и на тој начин аеродромци постигнаа хет-трик, па сега се актуелни прваци, освојувачи на Купот и сопственици на трофејот во Суперкупот.

МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе ја има предноста на домашниот терен, но и традицијата на своја страна. Ако се погледнат последните 10 меѓусебни дуели, актуелниот шампион има осум победи, додека Работнички само двапати се радувал во вечното дерби. Реално, Штрковите се фаворити, но, сепак, кога се работи за дуели од Вечното дерби, никогаш не може предвреме да се прогнозира победникот.

Тоа што е карактеристично е дека четири од последните шест меча завршиле со не повеќе од два разлика за победникот, а еднаш било четири поени предност на крајот, што е знак дека може да очекуваме неизвесен дуел. Средбата во „Јане Сандански“ ќе започне во 18:30 часот, а влезот е слободен.

ПОСЛЕДНИ 10 МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ

25.09.2021 МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 79:78

16.05.2021 МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 77:69

14.04.2021 МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 74:75

03.03.2021 МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 84:82

01.11.2020 Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 94:90

01.03.2020 МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 92:90

24.11.2019 Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 68:93

13.06.2019 МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 85:78

11.06.2019 Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 60:69

08.06.2019 МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 80:44

- Оглас -

Најнови вести