Перфектна „тројка“ за МЗТ, во финалето на Супер купот го победија Работнички

Екипата на МЗТ Скопје е освојувач на тројната „круна“ во македонската кошарка, откако во финалето на Супер купот „Драган Василов Цевка“ го победија Работнички со 79:78.

Тимот од Аеродром успеа да ги врзе титулата во првенството, купот а сега и Супер купот и со тоа на перфектен начин да потврди дека се најдобри во македонската кошарка за оваа година.

Адем Мекиќ беше херојот на МЗТ со 27 поени, од кои еден од нив дојде во последната минута. Иако Работнички имаше напад за водство, сепак тој не беше искористен, а најдобриот кошаркарски тим во Македонија, знаеше како да ја зачува топката, а со тоа и победата.

Покрај Мекиќ вреди да се истакне и настапот на Дамјан Стојановски кој зад своето име додаде 16 коша. Кај тимот од Градски парк најефикасен беше Недим Мустафица кој запиша 24, а зад него следуваше Џекон Емерсон со 23.

Во секој случај овој натпревар беше одлична најава за почетокот на новата сезона, во која по се изгледа по којзнае кој пат овие два тима ќе го имаат главниот збор во сите натпреварувања.

 

- Оглас -

Најнови вести