Вест Хем конечно ги сопре импресивните серии на Ливерпул и со победа од 3:2 потврди дека ќе атакува на место што води во Лигата на шампионите.
Две големи грешки на голманот Алисон Бекер му кумуваа на првиот пораз на Ливерпул сезонава во Премиерлигата и по 11 кола нема веќе непоразени екипи во англиското првенство.
Вест хем ја прекина црната серија од 10 меча без победа против Ливерпул, а завфрши и серијата на 19-кратниот англиски првак без пораз на 25 натпревари во сите конкуренции.
Трагичарот на мечот, Алисон згреши во четвртата минута и си постигна автогол, што беше проверен и со помош на ВАР системот, а судијата Пуасон пресуди дека немало фаул над голманот на Ливерпул и Вест Хем поведе со 1:0.
Се што сторија гостите беше прекрасниот погодок на Трент Александер-Арнолд
Потоа Пабло Форналс повторно му донесе предност на домашниот тим со гол за 2:1 во 67. минута.
Третиот гол за Чеканите повторно „падна“ по грешка на Алисон, а казни Курт Зума со погодок за 3:1 во 74. минута.
Дивок Ориги успеа со втор гол за Ливерпул само да намали на 3:2, но гостите не успеаја да го избегнат првиот пораз сезонава во Премиерлигата, со што веќе нема непоразени екипи во англиското првенство.
Вест Хем со триумфот од 3:2 го прескона Ливерпул и сега е на третото место со 23 бода, колку што има и шампионот Манчестер сити на втората позиција. Лидер е Челзи со 26 бода, а Ливерпул е на четвртото место со 22 бода.