Великанот реди порази, а фановите „грмеа“ пред соблекувалната (ВИДЕО)

Кошаркарскиот тим на Жалгирис се наоѓа во резултатска криза.

Литванскиот великан реди порази во Евролигата, а изминатиов викенд беше и поразен во големото дерби против Лјетвос Ритас со 75:84.

Сосема нормално, навивачите не се задоволни од тоа што го го гледаат од својот омилен тим, па решија работите да ги преземат во свои раце, но на цивилизиран начин.

Тие дојдоа пред соблекувалната на тимот, по што играчите излегоа да разговараат со нив, па на крајот имаше навивање, како и меѓусебно поздравување.

Тимот во оваа сезона го промени и тренерот, ама работите никако да тргнат по поубав пат, но можеби ова му беше потребно на тимот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести