Капитенот на Наполи бара пари што клубот не сака да му ги даде, па веднаш се вмеша Интер

Лоренцо Инсињe прерасна во легенда на Наполи. Роден во Неапол, тој е играч кој ги помина младинските категории во клубот, а од 2010 година е дел од првиот тим. Додека беше тинејџер, кратко време играше како позајмен играч во помали клубови, а веќе од 2012 година е стандарден во тимот од југот на Италија.

Со своите игри и верноста кон клубот, Инсиње ја заслужи и капитенската лента во клубот за којшто има над 400 настапи и над 100 голови. Веќе некое време Инсиње преговара за нов договор со Наполи, но работите не одат како што посакува.

Фудбалерот се надева на нов четиригодишен договор, според кој би заработувал шест милиони евра по сезона, а би добил и седум милиони евра како дел од лојалноста што останува во Наполи. Од клубот не ја прифатија оваа понуда и му  нудат останување под истите услови што ги имаше досега, а тоа е да добива 4,6 милиони евра по сезона.

По ваквиот расплет во Наполи, италијанските медиуми започнаа да шпекулираат дека Интер ќе му понуди четиригодишен договор на Инсиње под условите кои ги постави фудбалерот за останување во Наполи. Актуелниот договор на Инсиње со Наполи истекува на крајот на оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести