Библиски потоп на Фенербахче – Едвај дадоа 3 поени за една четвртина, вкупно уфрлија мизерни 43 поени (Видео)

Кошаркарите на поранешниот европски првак Фенербахче се посрамотија вечерва на свој терен во Истанбул и загубија катастрофално со 68:43 од Армани Милано, а притоа во две четвртини не успеаа да постигнат двоцифрен број на поени.

Фенер почна катастрофално и постигна само 3 поени за 10 минути во првата четвртина, што ја загубија со 3:22. Ваков лош ефект во една четвртина не се памети на мечеви од елитна лига, каква што е Евролигата.

Во вториот период домаќините одиграа подобро и го добија со 17:15, а потоа повторно одиграа катастрофално и пак постигнаа само едноцифрен број на поени, 9 во третиот период.

И таа четвртина ја загубија, со 9:25, па дебаклот беше неизбежен. И гостите во финишот играа во стилот на Фенер, па постигнаа само шест поени во последната четвртина, но сепак победија со 25 поени разлика.

Уште еден од куриозитетите на овој меч е што двете екипи заедно, во дури три четвртини постигнуваа едноцифрен број на поени, Фенер двапати, 3 и 9 и Армани Милано, еднаш и тоа само шест во последната четвртина.

Претходно во меч од деветтото коло Зенит го победи Олимпијакос со 84:78.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести