Македонската репрезентација утревечер против Исланд го игра одлучувачкиот натпревар за пласман во баражот од квалификациите за СП во Катар.
За можеби и најважниот натпревар, по оној во Тбилисиси, нашата селекција ќе има поддршка од речиси 17 илјади навивачи.
Картите кои што се во продажба се речиси целосно распродадени и останати се уште неколку стотина, дури и од западната и источната трибина кои вчера беа дополнително пуштени.
Треба сите Ковид-19 протоколи да бидат испочитувани, но несомнено е дека Исланд ќе го очекува пекол на Арената „Тодор Проевски“.