Македонија води на полувреме со 1:0 против Исланд, резултат кој ја води нашата репрезентација во бараж за Светско првенство.
Езџан Алиоски погоди по само седум минути игра, откако одлично ја искористи асистенцијата на Александар Трајковски, а популарниот Џани со прецизен шут откоро донесе радост на околу 17.000 навивачи на „Тодор Проески“.
Македонија доминираше со играта во првото полувреме, даде и втор погодок, но Чурлинов беше во недозволена офсајд позиција.
Остануваат само уште 45 минути за да се израдуваме на историски прв пласман во бараж за Светско првенство.