Диего Коста важеше за голгетер кој има „краток фитиљ“ и често знаеше да влезе во конфликт со противничките играчи. Напаѓачот, кој сега игра за Атлетико Минеиро, повеќе од 10 години од својата кариера ја помина во некои од најдобрите европски клубови.
Коста беше во Челзи во периодот од 2014 до 2017 година, кога во 120 меча даде 59 погодоци. На подготовките за сезоната 2014/15, односно непосредно по потпишувањето на договорот со англискиот тим, на подготовките направил вистинско шоу што сега го откри Џон Тери.
Тогашниот капитен на Челзи постираше видео на кое се гледа како Бразилецот со боксерски ракавици се бори против физиотерапевтот на Челзи, Били Мекалох. Иако требаше да биде егзибициска борба, Коста во еден момент реши малку посериозно да удира и го нокаутира противникот.
https://twitter.com/i/status/1460308049751683074