Тимур Дибиров е жива легедна на светскиот ракомет и еден од најзаслужните за двете европски титули на Вардар во Лигата на шампионите, а вечерва и во пораз успеа да прослави убав момент и 1.000 постигнати голови во елитното натпреварување.
Во 17-тата минута од мечот со ПИК Сегед во Сегедин, крилото на Вардар од пенал го постигна илјадитиот гол во Лигата на шампионите.
https://twitter.com/ehfcl/status/1461404936281939972?s=20
Потоа постигна уште четири од вкупно 7 гола на мечот, што заврши со победа на ПИК Сегед со 34:31.
Еден од нив беше фантастичен, од мртов агол, а Дибиров велемајсторски ја смести топката зад грбот на Миклер.
Breaking records and breaking wrists, the man never stops! Take a bow Timur! @HCVardar #ehfcl pic.twitter.com/I9byHOazTv
— EHF Champions League (@ehfcl) November 18, 2021
Дибиров со вакво ремек-дело сигурно ќе конкурира за една од Топ-5 позициите за најубав гол на седмото коло според изборот што го прави ЕХФ.