Чави Ернандез тргна со победа како тренер на Барселона.
Во каталонското дерби, тие го победија Еспањол со 1:0, а стрелец на погодокот беше Мемфис Депај од пенал во 48. минута.
И покрај тоа што разликата можеше да биде и поубедлива, каталонскиот тим играше навистина според очекувањата, и можеби сето тоа е најава за едни поубави времиња.
Сепак, реално е да се каже дека пеналот досуден за Барса, во најмала рака е сомнителен.
— El Ojo del VAR Media Channel No. 9 (@mediavar_09) November 20, 2021
Но, и покрај тоа Барселона доминираше и само по едно полувреме имаше 11 удари кон голот, од кои четири во рамките, нешто што под водство на Роналд Куман во оваа сезона се нема случено.
Каталонскиот тим сега има 20 бода и е на делба на шестата позиција и во многу подобра атмосфера ќе ја дочека Бенфика за три дена, каде што исто така императив ќе биде победата.
11 – @FCBarcelona attempted 11 shots against Espanyol (four shots on target), their highest total in a first half of a match this season in all competitions. Optimism. pic.twitter.com/HHWIG69Ulh
— OptaJose (@OptaJose) November 20, 2021