Спартак Москва води со 2:0 по 30 минути на дуелот против Наполи, во првиот меч од петтото коло во Лигата на Европа. Ова е меч на два тима кои се борат да ја поминат групната фаза, а домаќините одлично започнаа и со голот на Соболев од пенал поведоа со 1:0 само по три минути игра, а истиот играч по вторпат погоди во 28-мата минута.
Најдобрата шанса за Наполи ја имаше Елиф Елмас, кога можеше да измрани на 1:1 во 20-тата минута. Македонскиот репрезентативец за две секунди двапати шутираше, но голманот на домаќините, Селихов, двапати чудесно одбрани.
Првиот пат Елмас шутираше во трк од 10-тина метри, но Селихов со парада одбрани.
Одбиената топка падна на неколку метри од голот откосо, а Елмас прв притрча и веднаш шутираше, а голманот на Спартак со чудесна одбрана со крената нога успеа по вторпат да го спречи Елмас да се израдува на погодок.