Бајиќ: Сакавме да победиме, но треба и да се биде реален

Македонскиот селектор Драган Бајиќ, смета дека колку и да сакале да победат, и не влегле во мечот со бело знаме, сепак пресудил квалитетот на Шпанците.

„Благодарам на публиката која дојде во голем број. Првото полувреме беше задоволително, но знаејќи го квалитетот на шпанската селекција, дека доаѓаат од силна лига, тие заиграа поагресивно во третата четвртина, губевме глава имавме проблем со организацијата на нападите. Не е важен резултатот, овие момци покажаа карактер и борбен дух. Треба да извлечеме поуки, ова е тим кој се гради за следниот период“ – изјави Бајиќ.

„Не е убаво да се загуби. Сакавме да победиме, но треба да се биде реален. Тие играат во јака лига. Моравме да му дадеме шанса на Симиќ сега, така ќе биде и со другите талентирани играчи. Украина загуби од Грузија која играше комплетна, пред нас е долго патување, ќе пробаме да се спремиме што подобро, ќе се обидеме да растеме од меч во меч, атмосферата во тимот е добра“ – додаде селекторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести