Бешикташ понижен на свој терен!

Турскиот гигант Бешикташ поминува низ кризен период. Некогашниот шампион на Турција, нареди четири порази во низа во домашното првенство, а денешниот неуспех им е историски.

Бешикташ на свој терен играше против новиот прволигаш Гиресунспор и доживеа дебакл со 0:4. Екипа која досега немаше играно против Бешикташ, дојде на „Водафон Парк“ и го понижи домаќинот.

Дијабате од пенал во 22 минута го најави изненадувањето, а дополнително за Бешикташ работите се влошија кога Ујсун доби црвен картон во 39 минута. Со фудбалер повеќе, гостите доминираа на теренот во второто полувреме.

Балде погоди за 2:0 во 55 минута, а Сержињо зголеми на 3:0 за Гиресунспор во 64 минута. Во последната минута од мечот, Чампнес ги постави конечните 4:0 за Гиресунспор на теренот на Бешикташ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести