Кошаркарската репрезентација на САД претрпе пораз во квалификациите за Светското првенство. По тешката победа над Куба, Американците беа поразени од Мексико со 88-97.
Во составот на селекторот Џим Бојлен, најпознато име е плејмејкерот Ајзеја Томас, кој веќе не е дел од НБА-лигата. САД беа одлични во првото полувреме и постигнаа 57 поени и водеа со 9 поени разлика, но во вториот дел се случи пресврт.
За САД ова не е прв ваков пораз. Тие исто така користеа играчи од Г лигата и во квалификациите за СП 2019, кога двапати беа поразени во квалификациски мечеви. Откако ќе се пласираат на Мундобаскетот 2023 година, таму сигурно составот ќе им биде само од НБА-играчи, иако и тоа не е гаранција за злато, што се виде и на СП 2019.