Соопштение на ФК Вардар, најтрофејниот веќе нема да молчи за судиските неправди (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар излезе со реакција во која се жали на судиските грешки на штета на Црвено-црните, што директно влијаело на бодовната состојба во втората лига.

„Фудбалскиот клуб Вардар, како најтрофеен и најреномиран фудбалски колектив во Македонија, по 12 oдиграни кола во овогодишниот второлигашки фудбалски шампионат (запад) реши на јавноста да ѝ се обрати со соопштение базирано на случувањата во изминатите натпревари кои директно одеа на штета на нашиот клуб. За што поточно станува збор?

Веќе извесно време молчиме, но на тоа молчење му дојде крајот. Реагираме како клуб на очигледните судиски грешки кои во континуитет се случуваат на натпреварите на ФК Вардар, кои мора да кажеме дека директно влијаеа на неколку конечни резултати со тоа и на нашето бодовно салдо и моменталниот пласман на второлигашлката табела.

ФК Вардар реагира на очигледно калкулантското судење и арбитража на неколку натпревари, на кои поточно нотираме подолу во соопштението и на кои намерно или ненамерно (се надеваме) ни се одземени неколку бодови. Сметаме дека тие засега се клучни за нашата позиција на табелата.

Кој и зошто очигледно оди против ФК Вардар, ќе мора да запрашаме јавно и да побараме одговор од надлежните. Во чиј интерес е деградирањето на најтрофејниот Македонски фудбалски клуб кое се повторува од натпревар во натпревар? Свесни сме дека судиските грешки се дел од фудбалот, но тендеционзоста кај нив не можеме да ја прифатиме. Во ФК Вардар како колектив, управата, играчите, навивачите и сите засегнати во моментов се прашуваат дали тие навистина се случајни и ненамерни судиски грешки и дали ФК Вардар на натпреварите против Беса, Силекс и конечно Воска, директниот конкурент за пласман на табелата, заслужи да загуби или да одигра нерешено? Дури и на натпревари на коишто победивме, бевме сведоци на крупни грешки во арбитражата (против Гостивар)

Вардар – Гостивар (9 коло)

-Ѓорѓиевски Владимир

-Степановски Петар

-Дрнковски Николче

*Сите од Битола

Вардар – Силекс (11 коло)

-Грујоски Александар

-Лика Куштрим

-Јанкуловски Зоран

*Сите од Кичево

Воска – Вардар (12 коло)

-Смоковски Кирил

-Мишевски Иле

-Смилковски Марјан

*Сите од Прилеп

Со ова соопштение сакаме конечно да дадеме до знаење дека сме свесни за она што во моментов се случува, бараме заштита од надлежните и потенцираме дека никој нема право да си игра со судбината на најтрофејниот клуб во Македонија, особено сега кога е во позиција на „ранет лав“. Не можеме да ги затвораме очите и да бидеме неми набљудувачи на тенденциозното судење против нашиот клуб. ФК Вардар бил, е, и ќе биде најголемиот фудбалски бренд без разлика во која лига настапува и секогаш ќе ја има поддршката од сите коишто го сакаат и го почитуваат. Посакуваме фер и коректна шанса да се избориме за она што е наша примарна цел, да го вратиме ФК Вардар онаму каде што му е местото. На врвот на македонскиот фудбал. И убедени сме дека ќе успееме во тоа!“, стои во соопштението.

Вардарци објавија и видео на кое ги покажуваат спорните моменти сезонава на штета на тимот. Видеото погледнете го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести