Суарес: Меси страда во Париз, тој не сака студ

Луис Суарес кој е еден од најблиските пријатели на Лионел Меси, откри дека на „Златната топка“ за 2021 година не му се допаѓа климата во Франција.

Уругваецот кој игра за Атлетико Мадрид, секој ден се слуша со Меси, иако веќе втора сезона по ред не се соиграчи.

„Разговараме секој ден. Тој ми кажа дека има потешкотии кога игра на студ и снег. Му треба време за да се навикне на тој студ. Тешко ни беше кога игравме еден против друг на „Камп Ноу”, но кога играме еден против друг со репрезентации, тогаш е поразлично” – вели Суарес.

- Оглас -

Најнови вести