Играчиште – Левандовски експресно ја заборави неправдата, со голови му донесе победа на Баерн на „Дер Класикер“ (Видео)

Роберт Левандовски не ја доби Златната топка, но тоа воопшто не ја разниша самодовербата на Кралот на стрелците во Европа и со два гола денеска, Полјакот му донесе победа на Баерн против Борусија Дортмунд.

Популарниот „Дер Класикер“ во Германија донесе извонреден фудбал со пет гола, а шампионот славеше со 3:2 во Дортмунд.

Мечот почна одлично за Борусија и Милионерите поведоа во раната фаза со голот на Јулијан Брант во петтата минута.

Баерн израмни во деветтата минута со првиот од двата гола на Роберт Левандовски.

https://twitter.com/ElitxCR7/status/1467187857596899333?s=20

Шампионот направи комплетен пресврт во првото полувреме и поведе со 2:1 на култниот „Вестфален“ со погодокот на Кингсли Коман во 44. минута.

 

Ерлинг Халанд се врати по паузата поради повреда со голови, во негов стил и на вториот меч што го играше откако се врати на терен, го постигна и вториот гол. Вечерва беше прецизен во 48. минута за 2:2 со што се вратија надежите на Борусија за победа против првакот Баерн.

Сепак последниот збор на дербито во Бундеслигата го имаше најдобриот стрелец и оваа сезона во германското првенство.

Левандовски со 16-от гол, постигнат од пенал во 77. минута му донесе победа на гостинот од Минхен.

Баерн е лидер со 34 бода по 14 кола, а Борусија е втора со 30 бода.

Во ист термин од 18.30 часот во Англија, шампионот Манчестер сити се врати на врвот во Премиерлигата со победа од 3:1 против Ватфорд, а во Ла Лига првакот на Шпанија, Атлетико Мадрид беше изненаден и поразен од Мајорка со 1:2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести