Барселона прв пат по 20 години испадна во групата од ЛШ

Барселона доживеа нова лекција од Баерн и загуби со 3:0 во Минхен, пораз кој го елиминираше каталонскиот гигант од Лигата на шампиони. По комплетирање на шесте меча, Барселона заврши на третото место.

Баерн Минхен со перфектен биланс и 18 освоени бодови е прв, а Бенфика која вечерва со 2:0 славеше против Динамо Киев, се искачи на второто место со 8 бодови. Барселона заврши како трета со седум бодови и тоа е доволно да продолжи во нокаут фазата од Лигата на Европа.

Томас Милер го најави триумфот на Баерн со неговиот 50-ти погодок во Лигата на шампиони, а Лирој Сане зголеми на 2:0 до полувремето. Овие два погодоци може да ги видите ТУКА. Второто полувреме во Минхен беше само формалност, а Џамал Мусиала погоди за 3:0.

За Барселона ова е прв пат по 20 години да не игра во нокаут фазата од ЛШ.

Лил и Салцбург се радуваат на место во нокаут фазата откако во најдраматичната група, победија во последното коло. Лил на гости со 3:1 славеше над Волфсбург, додека Салцбург дома минимално со 1:0 беше подобар од фаворизираната Севилја, која ќе продолжи во Лигата на Европа.

Резултати од денешните мечеви: Јувентус – Малме 1:0, Зенит – Челзи 3:3, Баерн Минхен – Барселона 3:0, Бенфика – Динамо Киев 2:0, Манчестер јунајтед – Јанг Бојс 1:1, Салцбург – Севилја 1:0, Волфсбург – Лил 1:3. Дуелот меѓу Аталанта и Вилјареал ќе се игра утре. 

- Оглас -

Најнови вести